Рома прертрпе неочекуван пораз од Удинезе на гостински терен и остана надвор од топ четири по крајот на оваа рунда во Серија А, но Џан Пјеро Гасперини верува дека тимот многу брзо може да се врати таму со новите засилувања во зимскиот преоден рок.
„Волчицата“ го заврши последниот ден од трансфер пазарот со ангажман на Брајан Сарагоса, фудбалер кој е под договор со Баерн Минхен, но кој до овој дел од сезоната играше на заем во Селта Виго.
Поранешниот шпански репрезентативец е профил на фудбалер кој целосно одговара на фудбалската филозофија која ја негува Гасперини, па искусниот стручњак не криеше дека е презадоволен од ангажманот на Сарагоса, но и од оној на Дониел Мален кој се режираше претходно.
– Трансфер пазарот е завршен за нас и имаме четири месеци да покажеме што можеме да одиграме. Знаеме дека јануари е тежок месец поради фактот што адаптацијата оди потешко, но сметам дека добивме големи засилувања.
– Мален и Сарагоса се играчи кои сигурно ќе ни подадат рака во вториот дел од сезоната, ќе се обидеме да го дадеме најдоброто и да направиме дополнителен исчекор.
– Никогаш не е лесно да се прави бизнис во јануари, затоа сум презадоволен од операциите кои ги комплетиравме. Мален и Сарагоса се играчи кои можат да дадат одговори веднаш, додека Вентурино и Паз се повеќе играчи за иднината. За нас, исто така многу важно ќе биде да ги вратиме и Ману Коне и Пауло Дибала кои во моментов се повредени, – изјави Гасперини.








