Скромната НБА програма рано утрово понуди само три натпревари, а најинтересен беше оној меѓу Лос Анџелес Клиперс и Филаделфија кој се одигра во „Интуит доум“.
Клиперси не можеа да сметаат на Џејмс Харден и тоа беше голем удар за апетитите на домашниот тим, па иако улогата на лидер на теренот ја презема Кави Ленард, тоа не беше доволно за да се оствари победа.
„Сиксерси“ севкупно беа подобар тим на теренот, а Тајрис Макси на крајот ја доби интересната пресметка со Ленард, иако и двајцата постигнаа по 29 поени.
Ленард зад своето име надополни и 4 скокови и 6 асистенции, додека Макси беше речиси идентичен и во овие статистички категории, бидејќи мечот го заврши со 5 скокови и 6 асистенции.
Покрај Макси, во победата од 113:128 се истакна и Барло и Ембид со 26, односно 24 поени.
Останати НБА резултати:
Индијана – Хјустон 114:118
Мемфис – Минесота 137:128








