Реал Мадрид на драматичен начин го доби малото градско дерби со Рајо Валјекано и победи благодарение на пенал во 100-та минута, но пред да дојде до конечната разврска, Алваро Арбелоа доби две лоши вести за важни играчи кога е во прашање дербито со Валенсија кое се игра следниот викенд на „Месталја“.
Винисиус Жуниор поради жолти картони ќе мора да одлежи еден меч суспензија, додека далеку позагрижувачка беше состојбата на Џуд Белингам, кој со солзи во очите го напушти теренот уште во раната фаза.
Англичанецот се повреди при еден спринт и се фати за задната ложа, а во продолжение со болни гримаси и со солзи во очите се упати кон соблекувалната.
Поради тоа што станува збор за комплексна мускулна регија, стравувањата беа дека Белингам може да биде во аут со месеци, но Реал Мадрид како клуб соопшти дека е избегнато најлошото сценарио.
Иако има истегнување од повисок степен, не станува збор за кинење на мускулно влакно, па Белингам се очекува да биде во аут околу еден месец.
Тоа значи дека Џуд ќе ги пропушти двата бараж дуели со Бенфика во Лигата на шампиони, како и најмалку четири натпревари во шпанската Ла Лига, започнувајќи со оној против Валенсија.








