Вчерашното финале меѓу Данска и Германија беше ударна вест во светската ракометна спортска јавност, па токму поради тоа, доста помалку значење се даде на натпреварот за трето место, кој уште еднаш ни покажа дека Хрватска е ракометна велесила.
По освоеното сребро на Светското првенство кое се играше минатата година, избраниците на Дагур Сигурдсон го продолжи трендот на добри игри и ја освоија бронзата, откако по вторпат на турнирот со минимален резултат го победија Исланд (34:33).
Сигурдсон немаше симпатии кон своите сонародници и донесе нов медал од големите натпреварувања за Хрватска, успех на кој се израдува и доскорешниот капитен на националниот тим, Домагој Дувњак.
Легендарниот капитен со години беше лидер на хрватскиот тим, но вчера го украде шоуто и во улога на навивач, каде исто така доминираше какошто тоа беше ситуација на теренот.
Емоциите со кои го следеше натпреварот и завршните реакции за освоениот медал најдобро отсликуваат каква страст буди ракометот кај Дувњак, а неговите солзи радосници ги натераа луѓето од ЕХФ да направат мала компилација од неговите најдобри потези на трибините.
🥹🥉 FOREVER CAPTAIN.
— EHF EURO (@EHFEURO) February 1, 2026
DOMAGOJ DUVNJAK. 🇭🇷❤️#ehfeuro2026 #puregreatness pic.twitter.com/T8YSpBemOI








