Дончиќ постигна 30 поени во поразот на Лејкерс, Денвер нема решение за НБА шампионот

Дерби

02/02/2026

10:58

157

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ беше најдобар поединец на паркетот на натпреварот меѓу Њујорк и Лос Анџелес Лејкерс, но неговите 30 поени, 15 скокови и 8 асистенции беа недоволни во обидот да се избегне пораз.

„Езерџиите“ претрпеа пораз во Њујорк и повторно продолжија со рецептот топло-ладно, додека од друга страна, Никси врза шести триумф во низа во НБА лигата.

Лендри Шамет беше изненадување на вечерта бидејќи го почна натпреварот како резерва, но на крајот одигра клучен фактор во победата од 112:100 со шест тројки и 23 постигнати поени. Покрај Шамет, лидер на Никси беше и Ануноби со 25 поени, а важна улога одигра и Харт со 20 поени. Покрај Дончиќ, во поразениот тим стандардно добар беше ЛеБрон Џејмс со 22 поени, 5 скокови и 6 асистенции.

Во дербито на вечерта, Оклахома уште еднаш покажа дека е крајно незгодна за Денвер, па така оствари победа на гостувањето во Колорадо со резултат 111:121.

Тандерси очигледно знаат како да го неутрализираат Никола Јокиќ кој го заврши мечот со 16 поени, а главна ѕвезда на паркетот беше Шеј Гилџес Александер со 34 поени зад своето име.