Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег

Нетпрес

01/02/2026

11:16

175

Големина на фонт

а а а

Под влијание на циклонска активност во недела на територијата на Македонија ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата (над 20л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд.

На почетокот од следната седмица, поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.

Во понеделник наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат во четврток и петок. Дневната температура од вторник ќе биде во пораст.