Тој без стан, таа без работа, ама сакаат свадба од 10.000 евра

Денар

31/01/2026

19:30

1.406

Големина на фонт

а а а

Тој без стан, таа без работа, ама свадба од 10.000 евра. На прв поглед звучи како злобна карикатура, но за многу млади парови во Македонија тоа е сурова реалност.

Сликата е позната: изнајмен стан или соба кај родителите, нестабилни примања, кредити што демнат уште пред да се земе првиот… и паралелно со тоа свадбена прослава што мора да „личи на нешто“. Да биде голема. Да биде запаметена. Да има музика, декорации, фотографии, видеа, специјални ефекти. Да чини пет цифри.

„Свадбата одамна престана да биде чин на заедништво и почна да биде јавен настап“, вели еден познавач на општествените трендови, со насмевка што повеќе личи на горчина.

Според него, притисокот не доаѓа само од социјалните мрежи, туку и од семејството, од средината, од она невидливо „што ќе кажат луѓето“.

Никој не прашува како ќе се живее по свадбата. Важно е како ќе изгледа денот.


Бројките се упорни. Просечна свадба во Скопје и поголемите градови лесно надминува 8.000 до 10.000 евра, а во таа сума не влегуваат ниту меден месец, ниту мебел, ниту депозит за стан.

Само еден вечерен спектакл.

„Имаме случаи каде што парови земаат потрошувачки кредити исклучиво за свадба“, велат експерти од финансискиот сектор. Истите тие млади, додаваат, не би можеле да добијат кредит за стан или за бизнис идеја. Но за салон, музика и декорација – некако се снаоѓаат.

Еден социолог објаснува дека проблемот не е во желбата за славење, туку во изместените приоритети.

„Кога млад човек без стабилна работа троши пари што реално ги нема, за да исполни туѓи очекувања, тоа е сигнал за длабока несигурност. Свадбата станува начин да се покаже статус што во реалноста не постои“.


И тука, вели тој, приказната станува опасна. Затоа што по музиката и аплаузите доаѓа тишината. А сметките остануваат.

Од друга страна, има и оправдувања.

„Се жениш еднаш“, велат некои. „Парите ќе се вратат“.

Но економистите се помалку романтични. Според нив, стартот на заедничкиот живот со долг е лоша формула, особено во услови на несигурен пазар на труд и високи трошоци за живот.

„Љубовта не се мери во евра, ама долговите се долгови“, кратко коментира еден финансиски аналитичар.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.