[ФОТО] Семејство од Кентаки засолни новородено теле од екстремниот студ: Спиело со нивните дечиња во дневната соба

Точка

30/01/2026

20:01

822

Големина на фонт

а а а

Семејството Сорел од Кентаки кое се бори со ниските температури на нивната фарма го отвори својот дом за новородено теле кое се бореше со студот, пренесуваат американските медиуми.

Часови подоцна, добро нахранетото и исушено теле седело на каучот до двете деца на семејството. Нивната мајка, Мејси Сорел, направила неколку фотографии и ги објавила на социјалните мрежи.

Телето се родеило на фармата на температури кои паднале повеќе од 10 степени под нулата. Мејси вели дека нејзиниот сопруг, Танер, излегол да ја провери кравата и го нашол телето како се бори со студот.


 „Беше премрзнато. Папочната врвца изгледаше како сладолед на стапче“, изјавила Сорел од својот дом во Маунт Стерлинг, Кентаки.

Откако минатата зима изгубиле теле од студовите, семејството брзо реагирало за да го внесе новото теле внатре за да се исчисти и затопли.

„Кога го донесовме, имаше мраз на него. Сè уште имаше слуз, па морав да го избришам. Го вклучив фенот за коса, го загреав и го исушив целосно“, открила Сорел.

Потоа, телето слободно си лежело на каучот, склопчено заедно со нивните дечиња.

„Си легнаа до него како да е најнормалната работа на светот“, рекла Мејси.


Нејзиниот тригодишен син Грегори одлучил да го крсти телето Сали, по неговиот омилен цртан лик, „Автомобили“.

Инаку, семејството чува околу триесет крави на својата фарма и е навикнато да носи животни во куќата од време на време во случај на вонредна состојба. Сали била вратена кај нејзината мајка следниот ден наутро и е добро.


Сорел додаде дека речиси и не сакала да ги споделува фотографиите на социјалните мрежи бидејќи е нормално за нив да носат животни во куќата кога е потребно. Сепак, многу корисници коментирале колку се слатки.

„Тоа е едноставно дел од она што го правиме“, заклучила таа.