Разиграниот Алкарас го суреди домашниот фаворит и обезбеди прво полуфинале на АО

Дерби

27/01/2026

13:12

214

Големина на фонт

а а а

Најдобриот тенисер на АТП листата, Карлос Алкарас за првпат во неговата кариера ќе игра во завршницата на Аустралијан Опен или поточно во полуфиналната рунда во која ќе ги одмери силите со Александер Зверев.

Шпанскиот рекет денеска излезе на крајот со домашниот фаворит Алекс Де Минор кого го совлада со 3-0 во сетови. Де Минор е „редовен пациент“ на Алкарас и потврда за тоа е резултатот од 6-0 во меѓусебните дуели.

Во првиот сет имаше жестока борба, имаше надмудрувања, одземања на сервисот на противникот за да во 12 гејм Карлос дојде до брејк за 7-5 и водство од 1-0.

Потоа се беше полесно за Карлитос кој „газеше“ и наредните два сета ги реализираше со 6-2 и 6-1.

Сега следи сериозен тест за Алкарас, соочување со Зверев со кого нема позитивен учинок во директните пресметки, поточно двајцата имаат остварено по шест победи.

Второто полуфинале ќе биде познато утре по мечевите Ѓоковиќ-Музети и Синер-Шелтон.