Сите оние кои подолго време ги пратат тениските возбудувања многу добро знаат кој е Марат Сафан, некогашен светски рекет број еден, ас кој освојуваше трофеи на големата сцена меѓу кои и оние на Аустралијан Опен и Ју-Ес Опен.
Русинот долго време е во пензија, но со внимание ги следи тениските настани, возбудувања. Ова веќе станува ера во која доминираат Јаник Синер и Карлос Алкарас, има тенисери кои се обидуваат да ги предизвикаат, а меѓу нив е и ветеранот Новак Ѓоковиќ.
Ноле играше во полуфиналињата на сите четири грен слем турнири во 2025 година, но без разлика на тоа Сафин не верува дека Србинот ќе има сила да направи чекор плус и дојде до 25. пехар на најважните тениски настани.
- Би кажал не. Ќе бидам искрен, би бил изненаден ако успее во тоа, -истакна Сафин кој запрашан за тоа што Новак би требало да направи да дојде до таа цел, тој во негов стил одговори.
- Мора да се подмлади десет години, - порача Марат кој беше дел од почетоците на Ѓоковиќ.
- Да бидам искрен, нема многу што да се каже. Тој беше дете кое во тоа време излезе од квалификациите, а јас бев еден од фаворитите и играв навистина добро. Тоа беше неговиот прв натпревар на Род Лејвер Арената, немаше шанси, - рече Русинот.








