Проблем за премиерлигашот: Јунајтед го загуби Доргу на подолг временски период

Дерби

27/01/2026

12:54

254

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед успеа да го сруши лидерот Арсенал на дерби натпреварот на „Емирејтс“ што беше втора голема победа под водство на Мајкл Керик затоа што во претходната рунда беше нокаутиран и Манчестер Сити.

Меѓутоа средбата во Лондон на крајот донесе и една лоша вест за „црвените ѓаволи“, а тоа е повредата на Патрик Доргу. Данецот играше како препороден во последно време, даде и два гола на соочувањата со Сити и Арсенал и ова негов проблем, отсуство доаѓа во најлошо време како за него така и за клубот.

Доргу конечно се адаптираше, го пронајде вистинското место на теренот, но најновата повреда ќе го оддалечи од терените околу десет седмици. Тоа е информацијата која ја сподели „Атлетик“ што секако е непријатна вест за сите во Јунајтед кои сметаа дека се работи за помал проблем со мускулот, ама ако се остварат најавите тој ќе биде во аут повеќе од два месеци.

Во тековнава сезона има одиграно 24 средби во сите натпреварувања и учинок од 3 гола и 3 асистенции.

Ова воедно значи дека Данецот нема да биде ниту во комбинација за бараж дуелот со Македонија за пласман на СП, меч закажан за 26 март во Копенхаген.