Две имиња се во фокусот: Барселона го бара наследникот на Левандовски

Дерби

27/01/2026

12:53

279

Големина на фонт

а а а

Роберт Левандовски како што стојат работите ги игра последните месеци во дресот на Барселона, тим за кого настапува од 2022 година кога пристигна од Баерн Минхен.

Напаѓачот во месец август ќе го прослави 38. роденден што јасно покажува дека е во залезот на кариерата иако се уште знае да испорача изданија на највисоко ниво, но очигледно е дека не може да биде главна „деветка“, да го носи тимот од натпревар во натпревар.

Барселона веќе бара замена за него и според „ЕСПН“ две имиња се во фокусот, Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид и Душан Влаховиќ од Јувентус

Аргентинецот е пред се желба на претседателот на каталонците Жоан Лапорта, меѓутоа за него би требало да се издвојат големи средства, веројатно над 100 милиони евра што секако не е мала сума за каталонците кои се уште не се во идеална позиција на финансиски план.

Спортскиот директор Деко пак е за друга, поевтина варијанта, ангажман на Душан Влаховиќ кој би пристигнал како слободен фудбалер. Србинот веќе осум години е во Италија и преселбата во Шпанија би била нов предизвик во кариерата.

За разлика од Душан кој е „врзан“ со Јуве до 30 јуни, Алварез е под договор со Атлетико до 2030 година и има откупна клаузула од 500 милиони евра.