[ФОТО] Се ожени Азис: Добил деца со пријателка, а сега ја пронашол сродната душа – „Тукушто венчани! Ти благодарам Америка“

Точка

26/01/2026

20:26

1.023

Големина на фонт

а а а

Бугарскиот пејач Васил Тројанов Бојанов, попознат како Азис, застанал на лудиот камен.

Фолкерот со своите следбеници на Инстаграм тукушто ја сподели радосната вест. Ги фотографирал својата и раката на неговата друга половина, кои сега ги красат венчални прстени.

„Тукушто венчани! Ти благодарам, Америка“ напишал Азис, што значи дека бракот го склучил во САД.


Потсетуваме, кога се појави на естрадната сцена, Азис се облекуваше како жена, се шминкаше, ја бојадисуваше косата, носеше високи потпетици, меѓутоа и покрај таквото шокантно однесување, никој не можеше да му го оспори талентот за пеење.


Многу брзо тој стана еден од најпопуларните изведувачи низ целиот регион и до денес реди хит по хит.

Отсекогаш отворено зборувал за приватниот живот, не криејќи ја сексуалната ориентација, како и тоа дека со најдобрата другарка добил деца.


На лудиот камен застана во 2006 година со Ники Китаецa, иако истополовите бракови сè уште не се легални во Бугарија. Таа љубов била краткотрајна, па славниот пејач набргу по разводот ја добил ќерката Раја со најдобрата другарка.


„На почетокот ме прашуваше зошто не ја сакам нејзината мајка, а потоа ѝ објаснив дека ја сакам, но на поинаков начин. Многу разговарав со ќерка ми додека растеше. Тоа беа многу емотивни разговори – ѝ објаснував дека јас имам свој живот, а нејзината мајка свој живот. Морав да ѝ објаснам дека јас сакам мажи, но и дека нејзината мајка е моја најдобра пријателка. Сè ѝ кажав за себе, за да не слушне нешто од други. Со детето мора да имате отворен однос. Детето од своите родители прво треба сè да дознае“, изјавил Азис.

Освен неа, Азис со најдобрата другарка добил уште две деца.