[ФОТО/ВИДЕО] Стотици шарени лампиони на фестивалот во Зигонг ја најавуваат кинеската Нова година на Огнениот коњ

Точка

25/01/2026

14:49

411

Големина на фонт

а а а

Кинески митолошки суштества и коњи блесналe на Меѓународниот фестивал на лампиони во југозападниот кинески град Зигонг во петокот, за да ја прослават претстојната Нова година на Огнениот коњ, која започнува на 17 февруари.

Посетителите во текот на вечерта во паркот ги разгледувале светлечките лампиони, со повеќе од 200 рачно изработени лампиони со мотиви на животни, митолошки суштества и сцени од кинеската култура.


Повеќе од 1.200 работници со недели ги изработувале лампионите, меѓу кои и митолошкото суштество „Кунпенг“ долго 210 метри и кинеската хероина „Мулан“ долга 180 метри.

Фестивалот на лампиони има историја подолга од илјада години во Зигонг, во кинеската провинција Сечуан.

Фестивалот на лампиони во Зигонг ќе трае до фестивалот Јуансиао, карневалски ден кој го означува крајот на лунарната Нова година.


Меѓународниот фестивал на лампиони во Зигонг е еден од најпознатите фестивали на лампиони во Кина и претставува спој на традиционалната култура, занаетчиската вештина и модерните техники.


Првиот официјален фестивал бил организиран во 1964 година, кога локалните власти направиле пролетен саем на лампиони. Оттогаш, тој прераснал во единствен културен настан кој привлекува посетители од целиот свет.


Фестивалот е вклучен на националната листа на Кина како нематеријално културно наследство.