[ФОТО] Ибрахимовиќ во друштво на „Терминатор“ во Австрија: „Ќе се вратиме“

Точка

24/01/2026

17:20

475

Големина на фонт

а а а

Овој викенд во австрискиот Кицбил се одржуваат трките од Светскиот куп, а ќе се следат натпреварувања во супервелеслалом, спуст и слалом.

По тој повод во Австрија пристигнале многу познати личности од сите сфери на животот. Меѓу оние кои уживаат во скијањето се и легендарниот актер Арнолд Шварценегер, како и поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ.

Оваа двојка се сретнала, а сè беше овековечено со фотографија што ја споделија на социјалните мрежи.

Така, на својот „Инстаграм“ профил, легендарниот „Терминатор“ беше нешто поелоквентен и напиша:


„Се чувствував среќен што можев да гледам некои од најдобрите скијачи, во најопасната дисциплина. Беше фантастично што можев да запознаам еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Златан Ибрахимовиќ. Уживај во Австрија, пријателе“, напиша актерот.

Од друга страна, Ибрахимовиќ кратко напиша:

„Ќе се вратиме“, што е јасна референца на филмот „Terminator“ и на изјавата што Шварценегер ја изговори во тоа остварување.