Подгответе се: Пристигнуваат реклами во „ChatGPT“

Точка

24/01/2026

10:26

267

Големина на фонт

а а а

Американската истражувачка организација за вештачка интелигенција „OpenAI“ почна да ги нуди своите нови четбот-реклами на десетици огласувачи, објави весникот „The Information“.

Во текот на пробниот период од неколку недели, „OpenAI“ од група огласувачи бара помалку од еден милион долари потрошувачка од секој од нив, а рекламите ќе бидат пуштени на почетокот на февруари, пренесе „Reuters“.

Според изворите, компанијата ќе ги наплаќа своите услуги врз основа на бројот на прегледи на рекламите, а не по клик на огласот. „OpenAI“ сè уште не нуди технологија што им овозможува на огласувачите лесно самостојно да купуваат реклами, но работи на воведување на систем за самостојно огласување.


Оваа вест следува откако компанијата, поддржана од „Microsoft“, минатата недела соопшти дека ќе почне да прикажува реклами во четботот „ChatGPT“ на дел од корисниците во САД.

Со ова, „OpenAI“ ги засилува напорите за генерирање приходи од четботот за вештачка интелигенција, со цел да ги финансира високите трошоци за развој на технологијата. Овој потег означува голем пресврт за компанијата, која досега главно се потпираше на претплати.


Тоа го покажува притисокот со кој се соочува „OpenAI“ во обидот да ги зголеми приходите, додека истовремено значително троши на центри за податоци.