Оклахома продолжува со добрите партии и како тим кој е недофатлив за другите во регуларниот дел од сезоната, па така рано утрово славеше и во Висконсин против тим на кој неопходно му требаат победи.
Милвоки жестоко се бори за да влезе во плеј-инот и засега не успева да се приближи доволно добро до десеттата позиција, а од денеска работите стануваат уште покомплицирани.
Оклахома немаше симпатии кон ривалот и шампионски мина во Висконсин, натпревар на кој најдобар и најрасположен беше главниот лидер на Тандерси.
Шеј Гилџес-Александер го заврши мечот со 40 поени, 7 скокови и 11 асистенции, па со ова МВП издание само покажа дека и оваа сезона е еден од најдобрите во НБА лигата.
Неговиот блесок беше движечка сила во победата на Оклахома со резултат 102:122, а на спротивната страна најдобар беше Јанис Адетокумбо со 19 поени, 14 скокови и 7 асистенции.
Рано утрово, најневеројатна победа оствари Њујорк, тим кој во градското дерби го декласираше Бруклин со 54 поени разлика, односно со резултат 120:66.








