Погледнете за да поверувате: Напаѓач на Бенфика изведе еден од најлошите пенали во историјата на ЛШ

Дерби

22/01/2026

11:45

296

Големина на фонт

а а а

Јувентус влезе како благ фаворит во пресметката со Бенфика, но за да ја оправда таквата улога, тимот од Торино мораше да урива и една негативна традиција која траеше повеќе од 30 години.

Португалскиот тим ги доби последните три пресметки во Лигата на шампиони и последната победа на италијанскиот тим датираше од 1993-та година, а три децении подоцна, составот на Лучијано Спалети ја прекина лошата традиција со триумф од 2:0.

Головите за домашниот тим ги постигнаа Тирам и МекКени, но во самата завршница, Бенфика пропушти стопроцентна шанса да внесе нервоза.

Гостите добија пенал и најдобра шанса да се вратат во мечот, но Вангелис Павлидис изведе еден од најлошите пенали во историјата на Лигата на шампиони и целосно ја упропасти приликата.

Гркот се лизна пред да шутне и ја испрати топката неколку метри од голот, а искусниот Жозе Мурињо не можеше да поверува што гледа крај аут линијата.