Дончиќ презентираше кошаркарски мастерклас пред очите на Јокиќ, Лејкерс го освои Колорадо

Дерби

21/01/2026

11:16

241

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ најчесто е најодговорен за големите победи кои ги оставрува Лејкерс во НБА лигата, а така беше и рано утрово на тешкото гостување во Колорадо.

Денвер се уште игра без Никола Јокиќ кој секој натпрвар на своите соиграчи го гледа од првиот ред, па така сега беше принуден да гледа кошаркарски мастерклас на својот добар познаник и пријател, Лука Дончиќ.

Словенецот беше доволно инспириран за да се прикаже во најдобро можно светло пред очите на Јокиќ, но и пред сите навивачи на Денвер кои се надеваа на позитивен резултат.

Нагетси не доживеаја страшен пад без својата најголема ѕвезда во тимот, но денеска немаа решение за расположениот Дончиќ кој запиша трипл-дабл во победата од 107:115 на Лејкерси.

Лука блескаше во сите елементи и го заврши мечот со 38 поени, 13 скокови и 10 асистенции, а со овој учинок изби пред Јокиќ на вечната листа кога е една статистика во прашање.

Дончиќ по 52-ри пат во кариерата запиша трипл-дабл учинок со над 30 постигнати поени, па во оваа статистика го мина Јокиќ кој е на 51.

Далеку на врвот е Оскар Робертсон со 100, па може слободно да се каже дека двајцата кошаркарки од Словенија и Србија се на пола пат од неговиот учинок.