Герет Бејл испрати предупредување до Чаби Алонсо уште пред неколку месеци кога беше гостин во студиото на „Си-Би-Ес“, а сега од отвореното студио на теренот на „ТНТ Спортс“ говореше за поранешниот играч за врска како екс тренер на „кралскиот клуб“.
Шпанскиот стручњак заработи отказ по „Ел Класико“ поразот во Џеда и многу рано ја заврши својата тренерска авантура во Реал Мадрид, па иако навивачите се свртеа кон играчите и претседателот Флорентино Перез за ваквата одлука, Бејл вели дека воопшто не е изненаден од исходот.
Герет за време на играчките денови во Реал со соочи со доста тренерски промени кога работите не одат добро, а според него, главна грешка на Алонсо е тоа што пристигнал во тимот за да биде тренер и да ја менува играта, а не со цел да ги менаџира големите ега во соблекувалната.
– Не сум изненаден од тоа што се случи со Чаби Алонсо. Перфектно знам како функционираат работите во Реал Мадрид и ако нема резултати, ти си надвор од тимот. Чаби е неверојатен тренер, тоа што го направи во Баер Леверкузен беше неверојатно….. Освои трофеи, создаде извонреден тим, но во Реал Мадрид, не треба да дојдеш со помисла да бидеш тренер.
– Не треба да бидеш тренер, треба да бидеш човек кој ги менаџира егата во соблекувалната. Мора да ги смириш егата, не ти е потребна многу тактичка работа…… Имаш ѕвезди во соблекувалната кои можат да променат натпревар со едно трепкање на очи……. Може да се каже деак тој е извонреден тренер и тактичар, но во Реал не функционираше тоа, – објаснува Бејл.
Spot on from Don Garry Bale pic.twitter.com/vwlusYYPAi
— 🫵🏽 (@idoxvi) January 20, 2026







