Алкарас доби нов прекар од фан на трибините, шпанскиот тенисер слатко се насмеа

Дерби

21/01/2026

11:12

151

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас се мачеше еден сет во пресметката со Јаник Ханфман, но откако почна да влегува во ритам во вториот сет, Шпанецот беше расположен и за шеги.

Алкарас се враќаше од негатива од 3:1 во гејмови и го скрши отпорот на противникот во тајбрејкот во првиот сет, но како што одминуваше времето, Карлито беше се подобар.

Шпанецот направи брејк во раната фаза на вториот сет и почна да игра доминантно, а во такви услови, дофрлена му беше и интересна порака од трибините.

Еден фан реши да му додели нови прекар на Карлос, а бидејќи стануваше збор за поврзување со еден од неговите идоли, Алкарас многу добро ја прифати шегата.

– Карлос Надал…

Алкарас го приведе мечот до крај со резултат 7:6, 6:3 и 6:2 за пласман во третата рунда на Аустралијан Опен, а таму го чека пресметка со Корентан Муте.