Компанијата Xiaomi денеска официјално ја претстави серијата Redmi Note 15, која вклучува пет модели - Redmi Note 15 Pro+ 5G, Redmi Note 15 Pro 5G, Redmi Note 15 Pro, Redmi Note 15 5G и Redmi Note 15.
Дефинирана со концептот Најиздржливиот Redmi Note досега, серијата носи долг век на батеријата, дополнителна отпорност на падови и подобрена заштита од прашина и вода, со значителни подобрувања во областа на фотографијата, перформансите на премиум сегментот и целокупното корисничко искуство.
Уредите од серијата Redmi Note 15 ќе бидат достапни за продажба од 20 јануари, а по повод лансирањето се подготвени и посебни промотивни поволности. До 15 февруари, Redmi Note 15 моделите, се достапни по специјални цени, додека со купување на моделот Redmi Note 15 Pro+ 5G по специјална цена можете да добиете Xiaomi G20 Lite правосмукалка, а со моделите Redmi Note 15 Pro 5G и Redmi Note 15 Pro Xiaomi пренослив фото печатач.
Дизајниран за секојдневни предизвици
Redmi Titan Durability е присутен кај сите модели, комбинирајќи подобрена автономија на батеријата, зајакната структура и сеопфатна заштита од прашина и вода, што поставува нов стандард за издржливост во серијата Redmi Note. Pro моделите се издвојуваат со најнапредните заштитни карактеристики, додека целата линија е дизајнирана за сигурна употреба во секојдневни ситуации.
Pro моделите доаѓаат со SiC1 батерии до 6.500 mAh, поддршка за брзо полнење и долготрајно зачувување на капацитетот, додека другите модели нудат моќни батерии до 6.000 mAh. Сите уреди поддржуваат полнење на други уреди4, што носи дополнителна практичност во секојдневната употреба.
Структурната издржливост на Pro моделите е потврдена со SGS Premium Performance сертификатот5, додека сите телефони обезбедуваат сигурна заштита во реални услови. Redmi Note 15 Pro+ 5G и Redmi Note 15 Pro 5G дополнително поседуваат ултра-отпорна задна страна22, повеќеслоен систем за апсорпција на удари и Gorilla Glass Victus 2, а сите модели нудат подобрена заштита од прашина и вода со функцијата Wet Touch 2.010.
Подобрен систем за фотографирање со напредна AI технологија
Pro моделите доаѓаат со 200 MP HPE камера која за прв пат се појавува глобално, со повеќекратни функции за зумирање и напредна AI обработка, додека Redmi Note 15 5G и Redmi Note 15 доаѓаат со систем од 108 MP камери. Сите уреди имаат AI функции за портрети, обработка на фотографии и споделување содржини, вклучувајќи AI Remove Reflection и AI Beautify, овозможувајќи лесно и квалитетно креирање фотографии.

Подобрени перформанси и попаметно поврзување
Redmi Note 15 Pro+ 5G е напојуван од платформата Snapdragon® 7s Gen 4 со IceLoop ладење и HyperAI12 технологија, додека другите модели нудат брзи и енергетски ефикасни перформанси. Pro моделите воведуваат Xiaomi Offline Communication15 и Surge T1S Tuner31, за стабилна конекција дури и без мрежен сигнал. Сите модели поддржуваат Google Gemini13 и Circle to Search14, носејќи попаметно и поперсонализирано корисничко искуство.
Голем екран и моќен звук за целосно искуство
Pro моделите имаат 6,83-инчни екрани, додека другите доаѓаат со 6,77-инчни панели, со максимална осветленост до 3.200 нити и тројна заштита на очите. Покрај екранот, звукот е засилен до 400% кај Pro моделите и до 300% кај другите16, обезбедувајќи погласен и појасен звук за филмови, музика и игри.
Серијата Redmi Note 15 носи комбинација на издржливост, напредна фотографија, високи перформанси и импресивен екран, обезбедувајќи им на корисниците сигурно, практично и квалитетно искуство во секојдневната употреба.
Цена и достапност
Сите модели од серијата Redmi Note 15 ќе бидат достапни по промотивни услови до 15 февруари или до исцрпување на залихите.
Redmi Note 15 Pro+ 5G е достапен во Mocha Brown, Glacier Blue и Black бои,¹⁸ во две мемориски конфигурации²⁰, со почетна цена од 27,999 ден, со подарок Xiaomi правосмукалка G20 Lite.
Redmi Note 15 Pro 5G е достапен во Titanium¹⁹, Glacier Blue и Black¹⁸ бои, во една конфигурација на меморија²⁰, со почетна цена од 23,999 ден со Xiaomi пренослив фото печатач и пакет хартија за печатење!
Redmi Note 15 Pro е достапен во Titanium боја¹⁹, Glacier Blue и Black¹⁸ бои, во две мемориски конфигурации²⁰, со почетна цена од 20,499 ден, со Xiaomi пренослив фото печатач и пакет хартија за печатење!
Redmi Note 15 е достапен во Glacier Blue, Purple и Black¹⁸ бои, во две мемориски конфигурации²⁰, со почетна цена од 11,999 ден.
За по детални информации за достапните модели и поволности, посетете го следниов линк: https://mkd.xiaomiserbia.com/redmi-note-15/.
Комерцијален текст












