Арснал вчера не успеа да го скрши отпорот на Нотингем Форест и освои само бод на гостувањето кај „шумарите“, а менаџерот Микел Артета смета дека неговиот тим е оштетен за чист пенал.
Шпанскиот стручњак алудира на ситуацијата во финишот, кога Ола Аина ја зафати топката со рака, но ВАР проверката не донесе реакција и повик за главниот судија да ја прегледа снимката. Објаснувањето на Премиер лигата е дека Аина прво играл со рамото, а потоа ја закачил топката и со рака.
– Во право се дека играше со рамо, но потоа ја однесе топката со рака. Затоа објаснувањето не е во ред. Неговата намера беше јасна, тоа беше чист пенал, – рекол Артета.
Неговиот колега Шон Дајч не се согласува со реакцијата на менаџерот на Арсенал, па му испратил јасна порака.
– Мислам дека треба да бидеме повнимателни со изјавите. Ако вакви работи почнат да се судат, тогаш подобро е сите да се откажеме од работата.
– Треба да го укинеме фудбалот ако за вакви ситуации се суди играње со рака. Знаете на што треба да се посвети повеќе внимание? На глумењето повреди, тоа е новото, модерно симулирање во фудбалот, – рекол Дајч.






