Девет илјади Германци во еден глас ја бодреа својата репрезентација која бркаше втора победа на Европското првенство, но наместо триумф и очекуван резултат, во Хернинг гледавме драма по која први бодови освои Србија (30:27).
Четата на Раул Гонзалес одигра брилијантно второ полувреме и се погрижи за пресврт победа која ги остава во игра за втората фаза на турнирот, но за да се случи тоа, „орлите“ во завршната рунда ќе треба да ја победат и Австрија.
Селекторот Гонзалес стои цврсто на земја и по огромната победа најави максимален фокус на следниот противник кој исклучително го респектира, а во облаци не леташе и Дејан Милосављев кој беше стандардно добар на голот.
– Бевме дисциплинирани како тим и останавме во игра, иако на почетокот не бевме баш најдобри. Верувавме дека можеме да направиме нешто и останавме компактни. Верувавме дека можеме да бидеме подобри во вториот дел и ги исполнивме замислите и барањата на тренерот.
– Почнавме да го слушаме, а на крајот го завршивме мечот на високи ниво и едноставно повеќе ја сакавме победата од Германија. Атмосферата беше стварно добра и беше супер да се игра пред ваква публика. Понекогаш поголема е мотивацијата кога цела сала е против вас, но ние успевавме да ги слушнеме и нашите навивачи, – изјави Милосављев кој познава добар дел од германскиот тим поради искуството во Бундеслигата.
– Тоа е меч со две острици, можеше ова да оди и во друг смер, но овојпат ги прочитав нивните шутеви и излеговме како победници. Мислам дека можам уште подобро од ова, но генерално бевме подобри и заслуживме да победиме. Верувавме во победа, ако загубевме од Германија, ќе имавме билет за дома. Вака дадовме се од себе, се одржавме во игра и мора да веруваме и понатаму, – изјави Милосављев.






