Фермин Лопез беше сериозно предизвикан да ја напушти Барселона на крајот на летниот преоден рок поради интересот кој постоеше од Челси, но по инсистирање на Ханси Флик, но и на самиот играч, на крајот тој остана во редовите на шпанскиот шампион.
Лопез доби гаранција од Флик дека сезонава ќе биде далеку поважен играч во неговиот тим, а досегашниот тек на сезоната покажа дека Германецот навистина си стои на зборот.
Фермин има далеку подобар учинок од минатата сезона, па своите брилијантни изданија вчера ги зачини и со една асистенција во стил на фудбалски магионичар.
Лопез успеа да го проигра Феран Торес со спектакуларен пас и му асистираше при погодокот за 0:1 против Расинг, потег кој почна на големо да се споделува на социјалните мрежи.
Генијалноста на Лопез не остави никого рамнодушен, па пофалби не штедеше и Флик кој посебно ја потенцираше динамиката со која Фермин го игра секој натпревар.
– Фермин е специјален играч, не постои играч како него со таква енергија и таква динамика. Презадоволен сум од ставот кој го има на теренот, тој може да промени една акција со својата динамичност и со точните пасови. Секогаш е на своето место на теренот и навистина прераснува во голем играч, – изјави Флик.
Ferran Torres with a huge goal for Barcelona in the Copa del Rey 😱
— ESPN FC (@ESPNFC) January 15, 2026
What a ball from Fermin Lopez! pic.twitter.com/eGS9EOrOO9








