Оваа вечер ги дознавме последните два патници во четвртфиналето во Копа дел Реј, натпреварување во кое за разлика од вчерашниот шок во Албасете, вечерва немаше никакви изненадувања.
Валенсија и Барселона ги оправдаа фаворитските улоги како два тима од шпанската елита, па така остварија доволно вредни победи за пласман меѓу осумте најдобри.
Столе Димитриевски беше прв голман на Валенсија и во Купот и не доби поштеда од Карлос Корберан, а Македонецот возврати со ново солидно издание во кое ја сочува својата мрежа.
„Лилјаците“ добро го отворија гостувањето во Бургос со гол на Ирансо во 10-та минута, по што следеше и гол на Умар Садик на стартот на вториот дел.
Бургос во продолжение се обиде да се врати во игра и да го загрози голот на Димитриевски, но сепак не успеа во тоа, иако еднаш ја погоди и гредата.
На вториот натпервар оваа вечер, Барселона долго се мачеше против Расинг Сантандер по вложениот труд во Џеда на „Ел Класико“ дербито, но сепак успеа да пронајде пат до мрежата и да постигне два гола вредни победа.
Клучната акција ја изведоа Фермин Лопез и Феран Торес, со тоа што првиот асистираше, а вториот реализираше за водство од 0:1 во 66-та минута, а во самиот финиш погоди и Ламин Јамал за конечни 0:2.
Головите погледнете ги ТУКА.








