Ендрик откри кој бил неговиот најтежок момент како играч на Реал Мадрид

Дерби

16/01/2026

10:57

205

Големина на фонт

а а а

Заемот во редовите на Олимпик Лион е нова шанса за Ендрик и Бразилецот веќе го постигна првиот гол за француската екипа, користејќи ја минутажата поради која и привремено се пресели во овој клуб.

Ендрик се надева дека наскоро повторно ќе добие вистинска шанса во Реал Мадрид, нешто што не може да се каже дека го имаше под водство на Чаби Алонсо, период во кој одигра само 99 минути поделени на три натпревари.

Во последното интервју за „АС“, Ендрик открил кој му бил најтешкиот момент во периодот додека беше дел од Реал Мадрид, а тој сепак не е директно поврзан со одлуките на веќе поранешниот тренер.

– Најтешко ми беше кога ја добив информацијата дека ќе паузирам неколку месеци и ќе мора да го пропуштам Светското клупско првенство.

– Моментот кога ќе се соочиш со такво нешто е навистина тежок, но е составен дел од фудбалската кариера. Поразите се составен дел од фудбалот, но повредите целосно те елиминираат и не можеш ни да придонесеш за победите на тимот, – открил Ендрик.