Руни има свој фаворит за иден менаџер на Јунајтед: Времето ќе покаже…

Дерби

16/01/2026

09:12

294

Големина на фонт

а а а

Одлуката на Манчестер Јунајтед да го постави Мајкл Карик на менаџерската функција барем до крајот на сезоната донесе различни коментари во јавноста, но Вејн Руни е еден од оние кои ја поддржуваат ваквата опција.

Карик како поранешен играч и тренер на „црвените ѓаволи“ ќе го замени Рубен Аморим и ќе се обиде да го стабилизира Јунајтед, кој и сезонава има променливи настапи и резултати.

Руни смета дека во моментов не постоела подобра опција за клубот.

– Мислам дека ова е најсоодветен избор, посебно ако знаеме дека во моментов ниту еден топ менаџер не е слободен.

– Ова е најдобрата опција во моментов, иако е јасно дека нема да му биде лесно на Карик. Јунајтед во моментов не е во најдобра позиција, а Мајкл ќе треба да го стабилизира тимот, – рекол Руни, пред да посака едно тренерско име за иднината на својот поранешен клуб.

– Тухел е мојот избор. Ја познава Премиер лигата, освојуваше трофеи, а сега има одлични резултати и со Англија. Но, времето ќе покаже дали ќе биде по мое, – рекол Руни.