[ФОТО] Ова е новото смртоносно оружје, дизајнирано за војна со Русија: Ѕверка со тешка боева глава што има дострел од 450 километри пристигнува на фронтот

Точка

15/01/2026

19:10

880

Големина на фонт

а а а

Одбранбената компанија „Дестинус“ ја претстави новата крстосувачка ракета, „Рута Блок 2“, која го надминува својот претходник според сите клучни карактеристики и дизајнирана е за борба против руските сили.

Според пишувањето на „Дифенс Експрес“, Дестинус ја претстави крстосувачката ракета „Рута Блок 2“ која радикално се разликува од првата верзија која е категоризирана како „ракета за дронови“.

Фотографиите од ракетата, заедно со нејзините спецификации ги објави компанијата „Дестинус“, нејзиниот развивач и произведувач.

Моментално компанијата има седиште во Холандија, а ја основал Михаил Кокорич, претприемач со руско потекло кој побегнал од Русија и се откажал од руското државјанство.

Карактеристики на новата ракета „Рута Блок 2“

Новата ракета „Рута Блок 2“ има тешка боева глава од преку 250 кг и дострел од преку 450 км.

Опремена е со повеќемодално наведување со помош на вештачката интелигенција, што ѝ овозможува пробивање на сложени системи на противвоздушна одбрана дури и со електронско попречување.

Ракетата има подобрен труп за намалување на видливоста и склопливо крило, што овозможува лансирање од земја или од авион.

Носниот дел со глава за термичко снимање ја зголемува прецизноста во последната фаза од летот. Овие дизајнерски избори ја прават „Рута Блок 2“ сосема нов систем, а не само надградба на претходната верзија.

Сè уште не е објавено кога ќе биде подготвена за употреба

Сè уште не е објавено кога „Рута Блок 2“ ќе биде подготвена за оперативна употреба.

И покрај претходните изјави дека украинската војска ќе ја распореди „Рута“ веќе во декември 2024 година, јавно достапните информации за системот остануваат ограничени.

Украина веќе ги користела своите нови ракети „Фламинго“ и „Рута“ во борбите, а планирани се дополнителни удари рече претседателот Влодимир Зеленски кон крајот на октомври 2025 година.


„Фламинго е користен во борбите. Рута е користена во борбите. Правиме сè за оваа година да можеме да спроведеме сериозни испитувања – не само едно, две или три. Верувам дека ќе успееме“, изјави Зеленски.

На почетокот од декември 2024 година, Зеленски рече дека Украина успешно ја тестирала ракетата „Рута“.


Според Дестинус, ракетата „Рута“ е дизајнирана за широк спектар на мисии, вклучувајќи собирање разузнавачки податоци, брзо реагирање на надзор, реагирање на катастрофи и вонредни ситуации, испорака на товар во итни ситуации, обука за цели и ударни операции.

Компанијата вели дека клучната предност на „Рута“ лежи во комбинацијата на релативно ниската цена, големата брзина и значајниот капацитет на корисен товар, што ја прави погодна за повеќекратни улоги.