Мијатовиќ удри по играчите на Реал: Нема друг начин, ако не го пронајдат…

Дерби

15/01/2026

11:18

276

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид во рок од само неколку дена доживеа нов удар, односно откако претрпе пораз од Барселона во финалето на Супер Купот доживеа шокантна елиминација од Албасете во Копа Дел Реј.

Клубот од шпанската престолнина загуби со 3-2 и со тоа остана без можност да освои пехар во уште една конкуренција што секако е сценарио кој никој не го очекуваше на „Бернабеу“.

Повеќе од јасно е дека Алваро Арбелоа го очекува доста работа, но според легендата на клубот Предраг Мијатовиќ играчите се тие кои мора да го направат клучниот чекор, да покажат карактер, желба, да оправдаат зошто го носат дресот на „кралевите“.

- За три дена, Реал Мадрид загуби две титули и еден тренер. Овој натпревар дојде по загубениот Суперкуп од Барселона. Го менувате тренерот, играчите мислат дека играат против инфериорен тим и дека мечот така ќе го добијат и еве што се случува. Во оваа ситуација, единствените луѓе што можат да го променат правецот не се тренерот или претседателот на клубот. Тоа се играчите! Нема друг начин.

- Ќе бев поопуштен ако во соблекувалната беа Крос, Модриќ, Рамос – лидери, стара гарда кои во одреден момент би можеле да ги земат младите играчи и да се обидат да ги свртат работите. Во моментов тимот нема јасен лидер, без оглед на мислењата на Чаби или Арбелоа. Во секој натпревар во кој Мадрид остави таков впечаток, го чувствував отсуството на таква фигура. Ако не го најдат, ќе имаме сериозни проблеми.