Претседателот на Интер, Џузепе Бепе Марота соопшти добри вести за еден од најзначајните играчи во екипата, Дензел Дамфрис.
Холанѓанецот кога е фит и подготвен е незаменлив на неговата постава и во почетната единаесетка, но сезонава повреди повреди одигра само 15 натпревари при што на крајот заврши и „под нож“, меѓутоа закрепнувањето оди поврзо од очекувањата и наскоро би требало да му биде на располагање на тренерот.
- Веста на денот е дека Дамфрис се опоравува побрзо од предвиденото. Ни недостигаше и се надеваме дека наскоро ќе може да му биде на располагање на тренерот.
- Исто така, мора да признаеме дека не е лесно да се најде профил кој ги исполнува стандардите што се бараат од клуб како Интер, - истакна Марота кој запрашан за тоа зошто екипата се мачи да добие ривали, големи противници, тој одговори:
- Мислам дека тоа е статистика повеќе од сè друго за што треба да се грижиме, бидејќи настапите отсекогаш биле добри, но работиме на подмладување на овој состав, а тоа исто така значи губење на нешто во однос на искуството. Киву го знае тоа, но чувствувам дека овие играчи растат и тоа е добар знак за иднината, - порача Марота.








