Никола Јокиќ уште некое време ќе биде надвор од терените што секако е голем предизвик за Денвер Нагетс и тренерот Аделман, но клубот од Колорадо полека наоѓа начин да функционира без првата ѕвезда и воедно убедливо најдобар играч во екипата.
Нагетси имаат четири победи на последните пет натпревари во НБА лигата од кои три се во низа, последната беше остварена на гостински терен во Тексас против Далас Маверикс со резултат 118:109.
Денвер клучната предност ја направи во првиот дел на натпреварот, фаза која ја доби со 63:47, предност која беше недостожна за противникот во продолжението од средбата. Дуото Мари-Гордон одлично функционираше и заедно искомбинира 55 поени, Маршал со 24 беше прв стрелец кај поразените.
Никола Вучевиќ пак со супер издание донесе славје на Чикаго Булс над Јута Џез од 128:126. Црногорецот беше убедливо најдобар стрелец во својот тим со 35 поени во кои се вклучени и оние победничките во самата завршница. Уште шестмина играчи беа двоцифрени кај „биковите“, ама ниту еден од нив не ја помина границата од 15 кошеви.
Сенсабо пак беше спектакуларен за „џезерите“ со 43 кошеви од клупата за резерви.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Торонто 101-115
Филаделфија – Кливленд 107-133
Чикаго – Јута 128-126
Њу Орлеанс – Бруклин 116-113
Далас – Маверикс 109-118
Сакраменто – Њујорк 112-101
ЛА Клиперс – Вашингтон 119-105








