Јаник Синер и Карлос Алкарас се главни фаворити за трофејот на првиот грен слем во новата календарска година Австралија Опен, но во исто време не смее да се отпише најуспешниот тенисер на овој турнир Новак Ѓоковиќ.
Токму Ѓоковиќ е на истата страна со Синер, но нивен дуел е можен дури во завршната фаза или поточно во полуфиналето. Јаник ќе стартува против Уго Гастон од Франција, додека пак Новак ќе тргне против Шпанецот, Педро Мартинез.
Карлос Алкарас пак е на другиот дел од ждребот каде што е Александер Зверев. Првиот предвизвик за првиот светски рекет ќе биде домашниот претставник Адам Волтон.
Зверев пак можеби ќе го има и најтешкиот тест на почетокот затоа што ќе ги одмери силите со талентираниот Канаѓанец, Габриел Диало.
2026 Australian Open Men's Draw: pic.twitter.com/NK7hUnk9k6
— Tennis Updates (@TennisUpdates26) January 15, 2026







