[ВИДЕО] Инцидент на концертот на Ана Бекута: Публиката ја исвиркала и ја гаѓала со топки снег, пејачката ја напуштила сцената

Точка

14/01/2026

16:03

1.223

Големина на фонт

а а а

Концертот на пејачката Ана Бекута, одржан по повод дочекот на Српската Нова година на градскиот плоштад во Чачак, се претвори во непријатен инцидент. Настапот бил прекинат откако дел од публиката започнал да ја гаѓа неа и нејзиниот бенд со топки снег.

Побуна поради високиот хонорар

До инцидентот дошло поради протест што граѓаните го организирале, наводно незадоволни од износот исплатен за нејзиниот настап. Имено, присутните наводно биле револтирани од фактот дека за концертот биле издвоени 40.000 евра. Поради тоа, нејзиниот настап уште од самиот почеток бил проследен со исвиркувања и врева, но ситуацијата ескалирала кога кон бината почнале да летаат топки снег.


„Имате ли вие мајка?“

Работите излегле од контрола кога еден од членовите на бендот бил погоден со топка снег во главата, поради што пејачката го запрела концертот и видно вознемирена ѝ се обратила на публиката.

„Срам да ви е! Имате ли вие мајка? Имате ли сестра? Имате ли баба? Срам да ви е! Каде е полицијата овде? Дали полицијата прави нешто? Ние повеќе нема да пееме и свириме! Ајде, рацете горе“, луто порачала Бекута.


Настапот го продолжила од комби

Нејзините зборови, меѓутоа, не ја смириле ситуацијата, туку предизвикале нов бран негодување и уште повеќе топки снег. Иако во еден момент изгледало дека концертот е завршен, пејачката одлучила да продолжи да пее.

На крајот се симнала од бината, но настапот го продолжила од комбито во близина. На социјалните мрежи брзо се прошириле снимки на кои се гледа Бекута како пее од возилото, додека од толпата и понатаму се слушаат исвиркувања.