Во среда на територијата на Македониај ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Утринските температури се движат меѓу минус 10 и минус 3, додека највисоките дневн соодветно ќе бидат во интервалот од 3 до 10 Целзиусови сетпени.
И во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а температурата ќе се искачи до 7-от степен.
До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по котлините. Температурите ќе бидат во постепен благ пораст. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура ќе биде во опаѓање.








