Играчите на Реал Мадрид имаа колективен молк неколку часа по отказот кој го заработи Чаби Алонсо, но некаде пред полноќ, почнаа да пристигнуваат првите пораки.
Прв започна Килијан Мбапе и неговиот пример го следеа добар дел од играчите од првиот тим на „кралевите“, меѓутоа поради фактот што беше прв, објавата на Французинот беше ударна во шпанската јавност.
Французинот се адаптираше од прв ден на новата методологија која ја негуваше Чаби и беше убедливо најдобар играч на Реал изминатиот период, но ниту тој не можеше да спречи рана разделба уште на стартот на новата 2026-та година.
– Беше кратко, но претставуваше задоволство да играм и да учам од тебе. Ти благодарам што ми даде самодоверба од првиот ден. Ќе те паметам како тренер со јасни идеи и како човек кој многу го разбира фудбалот. Среќно во твоето следно поглавје, – порача Мбапе.
Мбапе поради повреда не беше стартер на неделното „Ел Класико“ кое се одигра во Џеда, натпревар кој испадна последен за Алонсо како тренер на Реал.
Kylian Mbappé was the first to post about Xabi Alonso and wished him good luck for the future. He really respected him and his ideas.
— 10 (@Kylian) January 12, 2026
Only if things could’ve been different. pic.twitter.com/4IXE2Wmr1y







