Англискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед ниту во актуелната сезона не успева да функционира без проблеми, кои започнаа уште пред 13 години, кога клубот го напушти легендарниот сер Алекс Фергусон.
Јунајтед бележи огромни загуби, потроши речиси 2 милијарди евра на трансфери и смени 11 тренери, откако во претходните 121 година промени само 17.
Од заминувањето на Фергусон, освоени се два ФА Купа, два Лига купа и Лига Европа додека негативните рекорди продолжуваат да се редат од недела во недела.
🔴🤯 Manchester United will only play 40 games this season, their 𝐋𝐎𝐖𝐄𝐒𝐓 in 111 years.
— CentreGoals. (@centregoals) January 11, 2026
[@AndyMitten] pic.twitter.com/E27wKGocIq
Најновиот пристигна по вчерашната елиминација од ФА Купот од страна на Брајтон со што Јунајтед го заврши и второто куп-натпреварување во Англија уште во првото коло. Елиминацијата од сите куп-натпреварувања, како и отсуството од европските турнири, значи дека клубот оваа сезона ќе одигра само 40 натпревари, што е најмал број одиграни мечеви уште од 1915 година, кога одиграа 38.
Тоа беше сезона која заврши во пролетта 1915 година, по што англискиот фудбал беше целосно запрен во следните четири години поради Првата светска војна.
Со оглед на сето наведено, многумина сметаат дека за здравјето на навивачите на Јунајтед веројатно е подобро да гледаат што е можно помал број натпревари на својот сакан клуб.







