[ВИДЕО] ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено

Макфакс

11/01/2026

14:23

315

Големина на фонт

а а а

До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.

По општини:

– Врапчиште – 9,58 %

– Гостивар – 8,74 %

– Маврово – Ростуше – 10,03 %

– Центар Жупа – 6,61 %

Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.