[ВИДЕО] Се урна дел од таванот во трговскиот центар Космос во Солун, повредена е жена

Точка

11/01/2026

10:40

1.862

Големина на фонт

а а а

Во трговскиот центар Космос во Солун се урнал таванот на еден локал на првиот кат, во зоната каде што се наоѓаат рестораните и објектите за брза храна, и тоа во момент кога таму имало голем број луѓе.

Инцидентот се случил во саботата попладне, во угостителски објект кој се наоѓа во рамки на трговскиот центар.


Во несреќата била повредена жена на возраст од 45 години, која се здобила со повреди на главата и вратот. Како што е соопштено, таа била при свест и со возило на итната медицинска помош била пренесена во болницата Папаниколау, пишуваат грчките медиуми.


На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа паднатата конструкција и луѓе кои се собрале да ѝ помогнат на повредената жена.