Близу 350 милиони потрошиле Македонците во домашните е–продавници

Денар

11/01/2026

17:03

919

Големина на фонт

а а а

Асоцијацијата за Е-трговија ги анализира последните податоци кои ги објави Народната банка, а се однесуваат на плаќањето по пат на онлајн.

Податоците велат дека во првите 9 месеци од ланската година вредноста на онлајн трансакциите има двоцифрен раст. Во анализираниот период забележано е дека се реализирани онлајн трансакции вредни 693.1 милиони евра, а тоа претставува раст од 30% споредено со 2024 година.

Со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 338.5 милиони евра, остварен пораст од 18% бројот на реализирани трансакции од македонци кон странски е-трговци се зголемил за 63.2%, додека вредноста за 45%. Просечната трансакција на македонците кон странските е-трговци се намалила за 11.3%.


Во првите три квартали од 2025 година вредноста на вкупните трансакции направени кон е-продажни места од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 42,626 милиони денари или 693,1 милиони евра, што преставува пораст од 30% во однос на истиот период минатата година кога изнесуваше 533 милиони евра.

Податоците велат дека најголем апсолутен дел од растот и понатаму го носат домашните картички користени за купување од домашни е-трговци, каде вредноста на трансакциите порасна од 286,9 на 338,5 милиони евра, односно за 18%. Сепак, најдинамичен раст се забележува кај вредноста која Македонците со своите картички ја направиле кон странски е-трговци во износ од 19,461.2 милиони денари или 316.4 милиони евра што преставува пораст од 45% во однос на истиот период минатата година. Иако во апсолутен износ вредноста на трансакциите со странски картички кај домашни е-трговци е мала, позитивен сигнал за македонската економија е растот од 38%, што ја зголемува вредноста од 27,7 на 38,2 милиони евра.

Остатокот од текстот прочитајте го на следниот ЛИНК.