ДИК: Излезноста до 11 часот во четирите општини е 3,32 отсто

Макфакс

11/01/2026

13:55

212

Големина на фонт

а а а

Државната изборна комисија соопшти дека до 11:00 чaсот, од вкупно запишани 128.286 гласачи на 215 избирачки места од општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, каде денеска се спроведуваат повторените избори за градоначалник на општина, гласале 3.553 гласачи, односно 3.32%.

– Врапчиште, гласале 834 гласачи, односно 3.02 %.

– Гостивар, гласале 1937 гласачи, односно 3.14 %.

– Центар Жупа, гласале 168 гласачи, односно 2.22 %.

– Маврово и Ростуше, гласале 624 гласачи, односно 5.90 %.

Како што информира ДИК, во споредба со гласањето на 19 октомври 2025, до 11:00 часот, на овие повторени избори се забележува разликата во однос на излезеноста во овие општини и тоа:

– Врапчиште, зголемена за 0.48%.

– Гостивар, намалена за 1.96 %.

– Центар Жупа, намалена за 2.61 %.

– Маврово и Ростуше, намалена за 5.82 %.