Легендарната манекенка Синди Крафорд ја покажа целосната моќ на својот стил на доделувањето на „WWD Style Awards“ минатиот петок во Санта Моника. Таа остана доследна на едноставноста во облекувањето, а нејзината убавина е навистина волшебна.
Синди Крафорд (59) била стилизирана во нијанси на бордо и кафеава боја. Таа носела асиметричен фустан со потпис на модниот бренд „Khaite“ и сандали „Schutz“. Овој модел на обувки со отворени прсти чини 158 долари, а достапен е и во металик златна и црна боја.
Модната ѕвезда е една од најдоследните јавни личности кога станува збор за стилот, бидејќи и покрај милионите трендови што се менуваа во модата во последните неколку децении, таа секогаш во преден план ги става едноставноста и класиката.
„Божица, една и единствена“, ја фалат на социјалните мрежи.
Тоа, секако, не значи дека ги игнорира сите трендови, па така ја прифати и бургунди бојата, која веќе подолго време е голем хит, а во прв план ја стави војвотката Кејт Мидлтон, и тоа пред неколку години.
Синди испраќа и порака дека кружните обетки сè уште се во тренд, што ќе ги израдува љубителите на овој накит, кој во последно време ретко се гледа на јавната сцена. Златната чанта го направила едноставниот стајлинг уште погламурозен, додека многумина го забележаа и часовникот на нејзината рака – станува збор за модел од познатиот бренд „Omega“, кој на престижниот настан беше награден за „часовник на годината“.

Признанието во име на брендот го прими токму Синди Крафорд, која со споменатиот бренд соработува веќе 30 години.
Слична улога имаше и актерот Џорџ Клуни, кој ја презеде наградата со која беше оддадена почит на покојниот Џорџо Армани, кој му беше голем пријател.

Клуни се појави на црвениот тепих без сопругата Амал Клуни, додека кружат гласини дека се разведуваат. Ќе видиме дали таа ќе го придружува на доделувањето на Златните глобуси, кое ќе се одржи вечерва.
Џорџ Клуни е номиниран во категоријата Најдобар актер во филм – мјузикл или комедија за улогата во „Jay Kelly“. Големиот спектакл традиционално ќе се одржи во Лос Анџелес, а преносот ќе се емитува на „CBS“.

















