[ВИДЕО] Тинејџер загинал поради вирален предизвик, родителите во солзи предупредуваат: „Деца, не правете го ова“

Точка

30/01/2026

21:10

1.125

Големина на фонт

а а а

Американскиот тинејџер Дејвид Наги (17) загина минатата година откако учествувал во вирален предизвик познат како „table surfing“.

Неговите неутешни родители сега ги предупредуваат младите да се држат подалеку од вакви опасни активности.

„Table surfing“ стана популарен на социјалните мрежи, а многу учесници ги снимаат своите обиди. Сепак, експертите предупредуваат дека станува збор за „опасна игра“, бидејќи лицето нема никаква заштита меѓу себе и тлото.

„Знаеше подобро, но сепак…“

Дејвид настрадал на 1 јуни 2025 година, доцна навечер, на паркингот на средното училиште во градот Бетлехем (Пенсилванија). Решил да го испроба „table surfing“, додека негов пријател го снимал.

Во еден момент, тинејџерот со голема брзина удрил во паркиран автомобил. Загинал на самото место.

„Беше толку интелигентен и знаеше подобро, но сепак — имаше 17 години“, изјавила неговата мајка, додека таткото додал дека бил „само тинејџер“.

Семејствата и експертите предупредуваат дека бројни „вирални трендови“ ги изложуваат децата на сериозна опасност — понекогаш и на смртоносен исход — и ги повикуваат социјалните платформи подобро да го контролираат ширењето на вакви содржини.


Не вреди ризикот

Смртта на Дејвид е потсетник дека ваквите активности никогаш не се вредни за ризикување на животот.

Иако не е јасно од каде точно потекнува, предизвикот „table surfing“ во последните години стана популарен во САД и во други земји, каде што младите се „возат“ на превртени маси прикачени за автомобили.