[ФОТО] Славната манекенка ги разбеснила обожавателите бидејќи тверкала, па позирала во џамија: „Њујорк на Мамдани“

Точка

09/01/2026

18:24

1.660

Големина на фонт

а а а

Американската манекенка Емили Ратајковски предизвикала бројни реакции на корисниците од социјалните мрежи бидејќи објавила снимка на која тверка, а потоа и фотографија од џамија на која носела марама на главата.

„Њујорк на Мамдани“, напишала таа во описот на објавата на Инстаграм. Многумина ја искритикувале поради овој потег, велејќи дека ги навредила муслиманите.


„Вториот слајд е снимен во Џамијата на шеик Зајед во Абу Даби, каде што живеам. Не сум религиозна и отсекогаш сум била твоја обожавателка, но по ѓаволите… Покажи малку почит“, „Можеш да правиш што сакаш со своето тело. Никој не расправа за тоа. Она што се доведува во прашање е твојот избор да го поврзеш тоа со фотографија снимена на свето место за муслиманките. Тоа не е смело ниту прогресивно, туку едноставно е непочитување“, „Ужасно“, се само дел од коментарите.


Манекенката сè уште не се огласила по повод реакциите што ги добила, а претходно го поддржала Зохран Мамдани, кој е првиот муслиман на чело на Њујорк.

Инаку Ратајковски и во изминатите години ги изнесувала своите политички ставови на социјалните мрежи, а го поддржала Берни Сандерс на изборите во 2016 и 2020 година.