[ФОТО] И по 17 години – иста убавина: Татјана Стојановска објави ретро фотографија и покажа дека не старее

Точка

09/01/2026

11:02

1.407

Големина на фонт

а а а

Македонската водителка Татјана Стојановска, едно од најубавите ТВ лицa и поранешна Мис на Македонија во 1992 година, изгледа како да не старее.

Водителката објави фотографија на својот Инстаграм профил која е направена во 2009 година и покажа дека времето како за неа да застанало.

„Ретро фотографија“, напиша Татјана во описот на објавата која доби многу лајкови и бројни коментари. Следбениците ѝ порачаа дека изгледа прекрасно и дека и денес блеска исто како и тогаш.


Иако откако се закити со титулата Мис на Македонија поминаа 34 години, таа сè уште важи за една од најубавите Македонки која е секогаш средена и негувана.

За потсетување, познатата водителка пред 3 години стапи во брак со својот сакан Михаил, со кого ја круниса љубовта по 10 години заеднички живот. Претходно таа беше во брак со фолк пејачот Благоја Груевски, со кого го има синот Матеј.