Шмајхел за наследникот на Аморим: Тоа е сон за мене, дрим тим!

Дерби

09/01/2026

11:13

228

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед се раздели со Рубен Аморим и сега ќе треба да донесе вистинска одлука околу наследникот, лидерот на овој проект.

Дарен Флечер привремено седна на жешкото столче и го водеше тимот против Барнли, а се очекува да биде на клупата и за соочувањето со Брајтон во ФА Купот.

Оперативците, управата на клубот води преговори околу новите решенија, а засега се споменуваат неколку легенди на клубот. Питер Шмахјел како човек кој знае како е да се носи дресот на Јунајтед, колку тежи англискиот великан се надева на едно интересно сценарио во кое на клупата би биле Флечер, Солскјер и Керик.

- Ние сме Манчестер Јунајтед и нема толку многу луѓе од Манчестер Јунајтед во клубот за да го водат во насоката кон која треба да се движи Манчестер Јунајтед. Ме радува што се споменуваат тројцата [Флечер, Солскјер и Карик]. Мислам, тоа е сон, за мене, тоа е тим од соништата ако можат да ги натераат сите тројца да го одбработат остатокот од сезоната.

- Ми се допаѓа идејата дека, барем во следните четири месеци, вистинскиот фудбал ќе го водат луѓе кои биле таму како играчи, имаат добри квалитети како тренери и знаат што треба да биде Манчестер Јунајтед, - порача Шмајхел.