Виралната тренерка на Мадуро е иста како опремата на шпанскиот прволигаш, распродадена е за само неколку часа

Точка

05/01/2026

08:53

840

Големина на фонт

а а а

Апсењето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, предизвика силни реакции ширум светот, но еден необичен детаљ особено го привлече вниманието на јавноста – тренерката што ја носел во моментот на приведувањето.

На фотографиите објавени од Доналд Трамп од Белата куќа, направени на американскиот воен брод „USS Iwo Jima“, Мадуро е забележан облечен во сива „Nike“ тренерка со црни детали. Токму тоа парче облека стана вирално на социјалните мрежи.

Интересно е што истиот модел тренерка го користи и шпанскиот прволигаш РКД Мајорка за време на своите официјални натпревари. Единствената разлика е тоа што верзијата на Мајорка има извезен клупски грб на градите, додека остатокот од дизајнот е речиси идентичен со оној што го носел венецуелскиот претседател.

Станува збор за „Nike“ тренерка изработена од рециклирани материјали. Горниот дел се продава по цена од 99,99 евра, додека долниот дел чини 55,99 евра, што вкупно изнесува 155,98 евра за комплетот.


Поради огромното медиумско внимание и виралноста на фотографиите, тренерката е распродадена на официјалната веб-страница на „Nike“ за само неколку часа. Социјалните мрежи се преплавени со шеги и коментари за необичната поврзаност меѓу Мадуро и фудбалерите на Мајорка.

Иако онлајн понудата е исцрпена, во одредени земји тренерката сè уште може да се најде во физичките продавници, но се очекува и преостанатите залихи наскоро да исчезнат.