Ужасни вести: Светски шампион пронајден мртов на 35-годишна возраст, го следеа бројни скандали

Точка

05/01/2026

21:10

2.151

Големина на фонт

а а а

Вознемирувачки вести пристигнаа од Унгарија. Светскиот шампион во кајак, Миклош Дудаш бил пронајден мртов на 35-годишна возраст во неговиот стан.

Унгарската полиција потврди дека денеска било пронајдено телото на Миклош Дудаш. Не се пронајдени траги на кривично дело, но случајот ќе биде истражен. Причината за смртта сè уште не е позната. Дудаш важеше за еден од најталентираните кајакари на својата генерација. Настапил на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, бил вицешампион на Европа во 2013 година, а истата година освоил злато на Светското првенство во Москва.


Меѓутоа неговата кариера ја обележала и 34-месечна суспензија поради допинг, по која се повлекол од спортот во 2021 година.


Унгарските медиуми наведуваат дека често бил дел од скандали, а еден таков се случил во октомври 2025 година, кога му ги дупнал гумите на соседот.


Неговото куче го каснало соседот, кој поради тоа го удрил животното, а Дудаш му се одмаздил така што му го оштетил возилото.


Исто така пред речиси една година го загубил таткото Иштван Дудаш, а во последните изјави рекол дека повторно се зближил со партнерката Ивет Сиглигети и дека се обидува да го стабилизира животот.