Касилјас го крена гласот: Чаби доживува неправда во Мадрид

Дерби

02/01/2026

11:11

203

Големина на фонт

а а а

Икер Касилјас како легенда на Реал Мадрид добро знае што значи да се носиш со притисокот во Реал Мадрид, но кога е во прашање ситуацијата на Чаби Алонсо, легендарниот голман смета дека јавноста и медиумите одат чекор предалеку.

Новинарите од Пиринеите почнаа да зборуваат за отказ на Чаби на крајот на месец ноември и почетокот на месец декември, но Алонсо успеа да ја преброди почетната криза и си купи одредено време пред новата 2026-та година.

Алонсо ја дочека новата година како тренер на Реал, а после неполни пет натпреварувачки месеци како предводник на тимот, во негова одбрана застана Икер.

– Тоа што му се случува на Чаби е сосема неправедно. Станува збор за човек кој го познава фудбалот кој го форсира. Разбирам дека во Реал Мадрид се создава голема возбуда и голема врева, се зборува многу и се слично, но луѓето почнаа да извлекуваат заклучоци во декември.

– Навистина не можам да го разберам тоа и жал ми е за Чаби. Ќе беше поинаку ако беше на 12 бода од Барселона, елиминиран од Купот и нешто слично, но ситуацијата не е таква. Навистина не можам да разберам вакви работи, ќе направам една паралела со образованието на вашето дете. Кога детето оди во училиште добива оценки во текот на годината, но најважните оценки се оние кои ги има во месец јуни, – порача Касилјас.