Томас Франк се врати во Брентфорд како менаџер на противничкиот тим, но тоа не ги натера фановите на овој клуб од Лондон да искажат било какво незадоволство кон човекот кој извонредно го водеше тимот со години.
Данскиот стручњак имаше кам-бек на „Комјунити стадионот“ во Лондон како предводник на Тотенхем, а од разочарувачкото реми кое заврши без голови, момент за одбележување е средбата на Томас Франк и најпознатиот фан на Брентфорд.
Вуди О’Рурк е 13-годишно момче со Даунов синдром, но позитивата која зрачи од него направија да биде најпознат фан на Брентфорд во изминатите неколку години.
Вуди воспостави извонредна конекција со Томас Франк додека овој го водеше Брентфорд, а вчерашната средба не остана незабележана од камерата на Премиер лигата.
Данскиот стручњак покажа класа и оттрча до својот миленик, а притоа доби и новогодишен подарок од неговата мајка.
Thomas Frank and Woody O'Rourke, reunited 🫂@BrentfordFC | @SpursOfficial pic.twitter.com/eULHgu56dB
— Premier League (@premierleague) January 2, 2026






